Панел дискусија на тема ,,Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Република Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги,,

Сре, 30.10.2024 - 14:45
1a

Директорот, Слободан Ивановски, учествуваше на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија на тема „ Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Република Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“. 

Со оглед на важноста на сегментот од Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност – на патот на нашата земја за полноправно членство во ЕУ, од исклучителна важност е да продолжиме да ги зајакнуваме, унапредуваме и надградуваме нашите капацитети во насока на подобрување на финансиските истраги.

Управата за финансиска полиција низ годините се соочувала со разни предизвици во борбата со финансискиот криминал во земјава, но истите не се надминале. Ние ги анализиравме и лоциравме причините за тоа, ги идентификувавме слабостите и развивме стратегија за нивно надминување.

Во периодот што следи, ќе се насочиме кон ефикасно спроведување на Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот, веруваме дека ќе продолжат институционалните реформи во безбедосниот сектор и дека ќе се изврши усогласување на правната рамка на Законот за замрзнување, конфискација и управување со криминално стекнатиот имот согласно со соодветната стратегија, истакна Директорот, Ивановски.

Галерија