Директорот на Управата за финансиска полиција,Слободан Ивановски и извршниот директор на Централниот депозитар за хартии од вредност, Даринка Дамјановиќ, , потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Овој Меморандум, практично значи договор за обезбедување на пристап до податоците од Централен депозитар, и претставува значаен чекор во подобрувањето на соработката и создава услови за побрзи и поедноставни процедури при размена на информации помеѓу институциите.
Пристапот до информации значително ќе овозможи олеснување и забрзување на процесите, а истовремено, ќе придонесе за поголема ефикасност во извршување на постапките, што е од големо значење за Управата за финансиска полиција.