Прв состанок на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата

Вто, 08.04.2025 - 14:57
1_a

Денес 08.04.2025 се одржа првиот состанок на  Меѓуресорско тело за координација на активностите против корупцијата, што ќе овозможи создавање на систем кој ефективно ќе се справува и ќе ги координира напорите за превенција и елиминација на оваа рак рана за нашата земја, навлезена во сите сфери од општеството.

Целта е да се воспостави синхронизиран и функционален механизам кој ќе ја засили соработката меѓу институциите и ќе обезбеди конкретни мерки за превенција и борба против корупцијата.
Ова тело  кое ќе  воспостави координација помеѓу сите клучни институции ќе се фокусира на брзо и координирано дејствување, со собирање и обработка на податоци за да може да се следи и анализира состојбата со корупцијата.

Ќе се делува  ефикасно и без компромиси, со единствена цел – да се стави крај на корупцијата која  досега го кочеше развојот на земјава.
Посветено, одговорно и без компромиси, ќе се започне со со реални промени за подобра и посветла иднина на Македонија!

Галерија