Управата за финансиска полиција на Република Македонија поради постоење на сомнение дека се сторители на кривични дела до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицата:
- Д.Б. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2014 година
- М.Ѓ.И. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2015 и 2016 година
за стореното кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА член 353-в ст.1 и 3 од КЗ на Р.М.