Присуство на конференција

Нед, 08.07.2018 - 11:55
Присуство на конференција

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на конференцијата по повод завршувањето на проектот "Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција во Република Македонија", кој е финансиран од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (IPA) – TAIB 2012 реализиран во изминатиот период во Република Македонија.

Главната цел на проектот беше унапредување на техничките капацитети и јакнење на оперативната ефикасност на органите и институциите кои работат на сузбивање на сериозниот и организираниот криминал и корупција, вклучувајќи сајбер криминал, перење пари, финансиски и економски криминал. Проектот го промовираше и зајакнувањето на меѓуинситутционалната соработка за превенција и репресија на организираниот криминал и корупцијата, како и воспоставување на посилен и поефикасен механизам за следење на имотот стекнат преку криминал, наплата и конфискација.

Како главни корисници на проектот се јавуваат Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда, а помеѓу останатите институции кои се партнери во имплементација на проектните активности и кои се сметаат за клучни засегнати страни се наоѓа и Управа за финансиска полиција.

Најважно е да покажеме одлучна борба против организираниот криминал и корупција во Република Македонијa

– изјави Арафат Муареми, директор на Управа за финансиска полиција

 

Директор Арафат Муареми - присуство на конференција