Кривична пријава во Агенција за катастар на недвижности

Пет, 20.07.2018 - 11:55
Кривична пријава во Агенција за катастар на недвижности

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата М.С, И.С, и И.Л вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против лицето Д.Н во својство на службено лице - овластен геодет поради постоење на основано сомненине за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в став 1 в.в ст 3 и ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА од член 361 став 1 од Кривичниот Законик.

Пријавениот И.Л во својство на вработен во Агенцијата за катастар на недвижности постапувајќи по предмет оформен врз основа на службена исправа- Геодетски елаборат со невистинита содржина изготвен од страна на пријавениот службено лице- овластен геодет Д.Н во текот на 2011 година пропуштил должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности на начин што без да ги спореди податоците содржани во пријавата за запишување и во Геодетскиот елаборат со податоците во правниот основ извршил запишување на недвижности во катастарската евиденција без постоење на правен основ и на тој начин на лицата К. А. и Н. А спротивно на закон им овозможил да се стекнат со право на користење на градежно земјиште дворно место дел од катастарска парцела врз основа на што истите лица во текот на 2013 година по пат на приватизација се стекнале со право на сопственост врз истото градежно земјиште, со што на лицето А. М му е нанесена значителна штета. Исто така, пријавениот М.С заедно со пријавениот И. С во својство на вработени во Агенцијата за катастар на недвижности постапувајќи по предмет оформен врз основа на службена исправа-Геодетски елаборат со невистинита содржина изготвен од страна на пријавениот службено лице- овластен геодет Д. Н во текот на 2016 година пропуштиле должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности на начин што без да ги споредат податоците содржани во Геодетскиот елаборат со податоците за предметната недвижност и носителите на правото на сопственост со податоците запишани во катастарот на недвижности, извршиле запишување на недвижности во катастарската евиденција без постоење на правен основ и на тој начин лицето А. М го избршале од катастарската евиденција како сосопственик на 110/372 идеален дел од градежно земјиште на катастарска парцела опишано во имотен лист, со што на лицето А. М пријавените му нанеле значителна штета.