Меморандум за соработка со Централен регистар на РМ

Сре, 19.12.2018 - 11:55
Потпишан Меморандум за соработка со Централен регистар на РМ

На ден 19.12.2018 година Управата за финансиска полиција и Централниот регистар на Република Македонија потпишаa Меморандум за соработка. Овој меморандум е резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции. Со него се гарантира континуитетот во унапредување на институционалната одговорност, но и посветеноста на двете институции за откривање и анализа на податоци за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела и нивните сторители од областа на финансискиот криминал, со кој се нанесува штета на Буџетот на Република Македонија.

Поаѓајќи од фактот дека секоја форма на соединување на силите во борбата против криминалот донесува до поголема ефикасност на институциите за спроведување на законите со цел спречување на организираниот криминал, cтраните потписници се сигурни дека со ваквата соработка ќе се отворат поголеми можности за навремена превенција и сузбивање на сериозен финасиски криминал направен во нашата држава.

Меморандумот беше потпишан од страна на директорот на Управата за финансиска полиција, г-дин Арафат Муареми и директорката на Централниот Регистар, г-ѓа Марија Бошковска Јанковски.