На ден 03.04.2019 година, директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Втората годишна конференција по повод 27-та годишнина од усвојувањето на првиот Буџет на Република Северна Македонија и одбележување на Денот на Буџетот- 2 Април. Централна тема на конференцијата и панел дискусијата беше „Фискални реформи за праведен раст".