
На ден 07.10.2020 година Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со претставник од Британската амбасада во Скопје.
На средбата се потврдија заложбите за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Британската амбасада во Скопје, во насока на поддршка преку техничка и стручна помош, придонесувајќи за развојот на капацитетите на Управата.
Во насока на соработка двајцата соговорници се согласија дека има можност за продлабочување на истата преку размена на искуства и знаења од областа на организираниот финансиски криминал.
Сите нови идеи, иницијативи и форми на соработка се добредојдени – рече директорот Арафат Муареми.
