Работна средба за унапредување на соработката на Управата и Британската амбасада во Скопје

Пет, 09.10.2020 - 18:01
Работна средба за унапредување на соработката на Управата и Британската амбасада во Скопје

На  ден 07.10.2020 година Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со претставник од Британската амбасада во Скопје.

На средбата се потврдија заложбите за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Британската амбасада во Скопје, во насока на поддршка преку техничка и стручна помош, придонесувајќи за развојот на капацитетите на Управата.

Во насока на соработка двајцата соговорници се согласија дека има можност за продлабочување на истата преку размена на искуства и знаења од областа на организираниот финансиски криминал. 

Сите нови идеи, иницијативи и форми на соработка се добредојдени – рече директорот Арафат Муареми.

 

3