Соопштение за јавноста

Пон, 19.10.2020 - 18:12
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријавва  до Основното јавно обвинителство Кочани против В.А.Т. во својство на управител на правниот субјект Друштвото за производство и трговија АСГ-КОМЕРЦ ДООЕЛ Виница ,и против правниот субјект Друштвото за производство и трговија АСГ-КОМЕРЦ ДООЕЛ Виница

 

Првопријавената В.А.Т. во својство на управител на правниот субјект Друштвото за производство и трговија АСГ-КОМЕРЦ ДООЕЛ Виница, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и правното лице Друштвото за производство и трговија АСГ-КОМЕРЦ ДООЕЛ Виница во текот на 2016 година, набавената трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 8.199.742 денари во завршната сметка од 2015 година неосновано ја присвоила и не ја евидентирала во своето сметководство како кусок, при што не пресметала и не платила Данок на додадена вредност во износ од  1.475.953 денари  и Данок на добивка во износ од 819.974 денари.

Првопријавената во 2016 година не ги прикажала како приходи ненаплатените и застарените обрски во износ од 1.991.246 денари прикажани во завршната сметка од 2015 година со што затаила Данок на добивка по пресметковна стапка од 10% во износ од 199.124 денари, како и не изготвила и не доставила Завршни сметки за 2016, 2017 и 2018 година до Управата за јавни приходи и до Централен регистар, односно вкупно затаила ДДВ и Данок на добивка во вкупен износ од 2.495.051 денари за кој износ пријавената го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.