Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе пријава против Ѓ. Ј. во својство на управител , овластено лице и потписник на банкарските сметки на Трговско друштво за трговија Ј. Ѓ. ЈОЛЕКС увоз-извоз Охрид ДООЕЛ,и против Трговско друштво за трговија Ј. Ѓ. ЈОЛЕКС увоз-извоз Охрид ДООЕЛ
Првопријавениот Ѓ. Ј. во својство на управител и овластено лице и потписник на банкарските сметки на второпријавеното Трговско друштво за трговија Ј. Ѓ. ЈОЛЕКС увоз-извоз Охрид ДООЕЛ, во период од 01.01.2016 до денес, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, набавената трговската стока евидентирана на залиха во сметководствената евиденција и Завршната сметка за 2015 година во вредност од 16.520.374 денари неосновано ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на правниот субјект Ј. Ѓ ЈОЛЕКС увоз-извоз Охрид ДООЕЛ како кусок и притоа не пресметал, не пријавил и не платил Данок на додадена вредност во износ од 2.973.667 денари денари и Данок на добивка во износ од 1.652.037 денари, односно, не ги подмирил законските даночни обврски во вкупен износ од 4.625.704 денари, со што го оштетиле Буџетот на Р. Северна Македонија.