
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.П. во својство на управител на Акционерско Друштво за производство, монтажа и промет АТОМ АД Скопје
Пријавениот А. П. во својство на управител на Акционерско Друштво за производство, монтажа и промет АТОМ АД Скопје, во текот на 2016 и 2017 година сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување согласно член 353 од КЗ, а в.в. со член 122 став 7 од КЗ, на начин што, пријавениот А. П. користејќи опрема, простор, материјали и работен кадар од АТОМ АД Скопје, склучувал усни договори во свое име и за своја сметка, a по завршување на усно договорените работи користејќи опрема, простор, материјали и работен кадар од правниот субјект АТОМ АД Скопје, наплатувал парични средства во готово кои ги присвојувал лично за себе, со што нанел штета на Акционерско Друштво за производство, монтажа и промет АТОМ АД Скопје за износ од 753.600 денари.