Соопштение за јавноста

Пон, 02.11.2020 - 18:54
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И. К.


        Пријавениот И. К. во период од 25.02.2008 до 28.02.2019 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, прикажал лажни факти односно фалсификувал и доставил потврди за живот за неговиот татко Г. К. иако истиот починал на 25.02.2008 година, со што го довел во заблуда Републички фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Србија да исплати парични средства по основ на пензија, и како овластено лице на трансакциската сметка на име на починатиот родител  која се води во КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД Скопје, во периодот од 27.01.2009 до 30.03.2019 година во континуитет подигнал во готово  износ од 26.737 евра, односно 1.644.325 денари, со што се стекнал со противправна имотна корист, а за кои износ го оштетил Републички фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Србија.