Соопштение за јавноста

Сре, 11.11.2020 - 22:05
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава проив В. Б., во својство на Претседател на Управен Одбор на Јавна Установа Младински културен центар Скопје

      Пријавениот В. Б., во својство на Претседател на Управен Одбор на Јавна Установа Младински културен центар Скопје, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, спротивно на член 22 од Статутот на Установата како и спротивно на член 12 од договорот за закуп бр.03-208/1 од 30.06.2015 година, склучен помеѓу Јавната Установа Младински културен центар Скопје како закуподавач на деловен простор и правното лице До-ре-ми ДООЕЛ Скопје како закупопримач, потпишал Одлука за прифаќање на барање за надомест на причинета штета поднесено од страна на закупопримачот До-ре-ми ДООЕЛ Скопје со што на истиот му овозможил противправна имотна корист и го оштетил Буџетот на Јавната Установа Младински културен центар Скопје за износ од 435.000,00 денари.