Трета конференција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на тема „Влијанието на Ковид-19 врз напорите од страна на владата и приватниот сектор во борбата против перење на пари и финансирање на тероризам“

Чет, 24.12.2020 - 14:36
Трета конференција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

Трета конференција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на тема „Влијанието на Ковид-19 врз напорите од страна на владата и приватниот сектор во борбата против перење на  пари и финансирање на тероризам“

 

Во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија-АБИТ се оддржа  Трета конференција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на тема   „Влијанието на Ковид-19 врз напорите од страна на владата и приватниот сектор во борбата против перење на  пари и финансирање на тероризам“

Како еден од поканетите говорници свое излагање имаше Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми (прилог обраќање на Директорот)

Приоритет на безбедносните институции е навремено детектирање,препознавање и квалитетна безбедносна проценка на потенцијалните ризици.

Последиците предизвикани од перење на пари влијаат и на макро и микро економски план каде што постои клаузална врска .Имено доколку перењето пари потекнува од макроекономско ниво тоа понатаму може да се прелее и на микроекономски план и ќе рефлектира со стагнација и пад на сите макро и микро економски сегменти.

Нелегалните финансиски текови вклучуваат механизми кои промовираат лесна соработка и криминално однесување.Тие им овозможуваат на богатите експлоататорски елити и криминални актери да ги перат профитите од незаконски остварените добивки,да избегнуваат плаќање на даноци ,да користат политичка моќ за лична корист и да ја покријат сопственоста на нелегално стекнат имот

-меѓу другото истакна Директорот Арафат Муареми

Оваа конференција подоцна беше оценета како еден од најголемите АБИТ настани за 2020 година.

 

 

slika1

 

 

 

Slika 2

 

 

Slika 3