Поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Штип, против П.К. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство и трговија МЕТАЛ ДООЕЛ Штип
Пријавениот П.К. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство и трговија МЕТАЛ ДООЕЛ Штип, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и правното лице Друштво за производство и трговија МЕТАЛ ДООЕЛ Штип во текот на 2016 година, набавената трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 8.690.206 денари неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во своето сметководство како кусок, при што не пресметал и не платил Данок на додадена вредност во износ од 1.564.237 денари и Данок на добивка во износ од 869.021 денари.
Пријавениот во 2016 година не ги прикажал како приходи ненаплатените и застарените обрски во износ од 14.812.154 денари прикажани во завршната сметка од 2015 година со што затаил Данок на добивка по пресметковна стапка од 10% во износ од 1.481.215 денари, како и не изготвил и не доставил Завршна сметка за 2016, година до Управата за јавни приходи и до Централен регистар, односно вкупно затаил ДДВ и Данок на добивка во вкупен износ од 3.914.563 денари за кој износ пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.