Соопштение за јавноста

Чет, 31.12.2020 - 22:40
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Р.С. во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за транспорт и трговија АЛБИ ШПЕД ДООЕЛ Штип и против М.К. во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за транспорт и трговија АЛБИ ШПЕД ДООЕЛ Штип

Првопријавениот Р.С. во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за транспорт и трговија АЛБИ ШПЕД ДООЕЛ Штип, помогнат од второпријавениот М.К. во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за транспорт и трговија АЛБИ ШПЕД ДООЕЛ Штип, со намера да се стекне со противправна имотна корист во период од 2016 година, набавената трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 3.316.689 денари неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во своето сметководство како кусок, при што не пресметал и не платил Данок на додадена вредност во износ од  597.004 денари  и Данок на добивка во износ од 331.669 денари.

Првопријавениот и второпријавениот во 2016 година не ги прикажале како приходи ненаплатените и застарените обрски во износ од 3.993.715 денари со што затаиле Данок  на добивка по пресметковна стапка од 10% во износ од 399.372 денари, како и не изготвиле и не доставиле завршни сметки за периодот од 2016-2019 година до Управата за јавни приходи и до Централен регистар, односно затаиле ДДВ и Данок на добивка во вкупен износ од 1.328.045 денари за кој износ пријавените го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија.