Соопштение за јавноста

Чет, 31.12.2020 - 22:44
Соопштение за јавноста

Поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство Тетово против М.О , државјанин на Р. Турција  во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за производство, трговија, и услуги МОДА МЕБЕЛ ДООЕЛ експорт импорт Тетово

Првопријавениот М. О, државјанин на Р. Турција  во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за производство, трговија, и услуги МОДА МЕБЕЛ ДООЕЛ експорт импорт Тетово, во периодот од 01.01.2015 година до 31.12.2015 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговска стока (мебел, опрема за осветлување и други предмети за домаќинства), евидентирана на залиха, во вредност од 6.798.963 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција  како кусок, при што пријавениот  М. О  не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 18 % во износ од 1.223.813 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 679.896 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 9.677.813 денари, кои не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект, не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка во износ од 967.781 денари.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2015, 2016 и 2017 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија.

 Пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од 2.871.490 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.