Соопштение за јавноста

Чет, 21.01.2021 - 12:52
Управа за финансиска полиција панел

     Управата за финансиска полиција на ден 18.01.2021 година до Основното јавно обвинителсво Скопје поднесе Кривична пријава против К.Г., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година и одговорен проект менаџер Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в ст.3 од Кривичниот Законик;


Пријавеното лице К.Г., во својство на одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project, во 2016 година, несовесно постапило во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишало и потврдило прием и имплементација и овозможило плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани, ниту пак во гарантниот период презело соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетило буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари.