Соопштение за јавноста

Чет, 06.05.2021 - 11:11
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице и сопственик на правниот субјект ФЕ-ФА експорт импорт Куманово .

Пријавеното лице  во својство на одговорно лице и сопственик на правниот субјект ФЕ-ФА експорт импорт Куманово, Куманово, во периодот од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока ( дрва, градежен материјал, столици и санитарна опрема) евидентирана на залиха во вредност од 2.746.283 денари неосновано ја присвоило и не ја евидентирало во сметководствената евиденција  како кусок, при што не пресметало, не пријавило и не уплатило Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 18 % во износ од 494.331 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 274.628 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 10.175.456 денари, кои не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект, пријавеното лице  не пресметало, не пријавило и не уплатило Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 1.017.454 денари.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности пријавеното лице не изготвило и не поднело Завршни сметки за 2016, 2017 и 2018 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија со што не пресметало, не пријавило и не уплатило даноци по разни основи во вкупен износ од 1.786.413 денари, за кој износ го оштетило Буџетот на Република Северна Македонија. 

Управа за финансиска полиција