Директорот на Управата за финансиска полиција оствари работна средба со претставници од Финансиската Управа на Република Словенија

Пон, 10.05.2021 - 09:49
sredba

Во знак на продолжување на Меѓународната развојна соработка помеѓу Република Словенија и Република Северна Македонија, а која се однесува на Поглавје 24- Финансиски истраги на ден 06.05.2021 година директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми оствари работна средба со програмскиот директор на проектот Андреја Долничар Јерај и Дамјана Слапар Буркат, претставник од Финансиската Управа на Република Словенија.

На работната средба беа дискутирани понатамошните активности на проектот и беа разменети искуства од областа на водењето на финансиските истраги.

Во периодот од 04.05-30.06.2021 година Дамјана Слапар, претставник од Финансиската Управа на Република Словенија ќе биде во работна посета на нашата земја во текот на која ќе оствари средби и организира работилници со сите релевантни институции во Република Северна Македонија задолжени за водење финансиски истраги, како што се Управата за финансиска полиција, Јавното обвинителство, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа.

 

Soopstenie