УФП склучи Меморандум за разбирање со Меѓународната група за управување ИМГ (International Management Group)

Сре, 01.09.2021 - 11:55
УФП склучи Меморандум за разбирање со Меѓународната група за управување ИМГ (International Management Group)

Управата за финансиска полиција на ден 26.08.2021 година склучи Меморандум за разбирање со Меѓународната група за управување (ИМГ), со цел овозможување на поддршка од страна на ИМГ во врска со успешна имплементација и/или администрирање на низа можни развојни проекти дизајнирани за поддршка на Управата.

Соработката ќе овозможи да се изврши идентификување на програми и проекти во приоритетни области и нивно последователно доставување до потенцијални донатори, како и размена на искуства во врска со институционалното градење во областите на владеење на правото, управување, безбедност, правосудство и судска реформа, борба против организираниот криминал и корупцијата, финансиски истраги и предлог за конфискација на имот, ИКТ и обуки.

Склучувањето на овој меморандум ја потврдува заложбата на Управата за институционално зајакнување на капацитетите, со цел јасна и недвосмислена борба против организираниот криминал и корупција.