Соопштение за јавноста

Чет, 02.09.2021 - 15:32
Соопштение за јавноста

СООПШТЕНИЕ

Управата за финансиска полиција  до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и сопственик на правно лице и  против правното лице Акчелик градба ДОО увоз извоз Скопје.

Пријавеното физичко лице во својство на управител и сопственик на Градежното услужно производно трговско друштво Акчелик градба ДОО увоз извоз Скопје, во период од 16.05.2018 година до 31.12.2020 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да стекне противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект , правото на располагање со станбено деловниот објект во фаза затворена карабина го пренел на нов Инвеститор од Скопје на тој начин, спротивно на член 3 став 1 од Законот за Данок на додадена вредност не извршил фактурирање на објектот затворена карабина. Продажната цена која изнесува 156.520.746 денари, претставува основа за пресметка на Данок на додадена вредност во износ од 7.826.037 денари и Данок на добивка во износ од 15.652.074 денари, при што пријавените спротивно на Законските прописи за извршената продажба не ги пресметале, пријавиле и не ги уплатиле Даноците кои ги долгуваат во вкупен износ од 23.478.111 денари.

Исто така, пријавените примиле Аванси од купувачи на станови во вкупен износ од 104.835.423 денари кои не ги пријавиле во ДДВ – 04 Пријавите и не пресметале и не уплатиле Данок на додадена вредност по пресметана даночна стапка од 4.76% за кој биле Законски обврзани при приемот на паричните средства и/или при извршената компензација во износ од 4.990.166 денари.

Со намера да ги прикријат инкриминираните активности без да ги подмират обврските по основ на Данок на додадена вредност и Данок на добивка, пријавените не изготвиле излезна фактура во која ќе го прикажат Данокот на додадена вредност и остварените Приходи, не поднеле ДДВ-04 Пријави и Даночен Биланс и не изготвиле и не поднеле Завршни сметки за 2018 година, 2019 година и 2020 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија. Исто така, не пријавиле во ДДВ – 04 Пријавите и не пресметале и не уплатиле Данок на додадена вредност за примените Аванси од купувачи, со што не пресметале, не пријавиле и не уплатиле Данок на додадена вредност во вкупен износ  од 12.816.203 денари и Данок на добивка во износ од 15.652.074 денари или вкупно 28.468.277 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија. 

 

Со почит,

                                                                            Управа за финансиска полиција