
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми на 01.10.2021 имаше чест да присуствува и да се обрати на првиот академски час на новата студентска година на Факултетот за безбедност при Универзитетот ,,Свети Климент Охридски".
Во своето обраќање до студентите Директорот Муареми меѓу другото им посака добро здравје ,незаборавни моменти и успех во школувањето како и надеж дека стекнатото знаење ќе го применат во соодветните институции меѓу кои и Управата за финансиска полиција.




