Потпишан Договорот за интероперабилност помеѓу Управата за финансиска полиција и Министерство за правда

Чет, 10.03.2022 - 15:11
Потпишан Договорот за интероперабилност

На ден 10.03.2022 година   во свечената сала во Владата на Република Северна Македонија, директорот Арафат Муареми го потпиша Договорот за интероперабилност склучен помеѓу Министерството за правда и Управата за финансиска полиција, како дел од групата институции потписници на договорите.

Покрај Управата за финансиска полиција потписници на Договор за интероперабилност се и Министерство за внатрешни работи, Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Агенција за цивилно воздухопловство М-НАВ, Управа за финансиско разузнавање, Централен регистар, Царинска управа и Државна изборна комисија.

Потпишувањето на Договорот е чекор повеќе во зголемувањето на можностите на Управата за финансиска полиција во електронско обезбедување на релевантни податоци од институциите кои имаат бази на податоци во рамки на Националната платформа на Интероперабилност.

Галерија