
Во знак на продолжување и унапредување на заедничката соработка, Директорот на Управата за финансиска полиција - Горан Иванов оствари работна средба со Директорката на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска.
Во текот на средбата се разменија мислења, се дискутираше за идните планови и можностите за идни заеднички акции со цел подобра и поуспешна меѓуинституционална соработка која би резултирала со успешно остварување на целите и на двете институции, а со тоа и заштита на средствата на Буџетот на Република Северна Македонија.
Дополнително се разговараше и за можностите за побрза комуникација и размена на податоци помеѓу двете институции.
На крајот од средбата, Директорот на Управата за финансиска полиција изрази задоволство од остварената работна средба со надеж за продолжување на досегашната успешна соработка.