
Денес 12.12.2022 во просториите на Управата за финансиска полиција на Република Северна Македонија беше остварена работна средба со г-ѓа Андреја Долничар-Јерај-програмски директор во Центарот за европски перспективи на Република Словенија и Директорот Горан Иванов.
Тема на работната средба беше продолжување на успешната соработка помеѓу двете институции за периодот 2023-2024 година,како и понатамошна поддршка од Центарот за европски перспективи за унапредување на капацитетите за водење на финансиски истраги на Управата за финансиска полиција.
Воедно,сакаме да изразиме голема благодарност за досегашната соработка и поддршка која Управата за финансиска полиција ја добива од Центарот за европски перспективи на Република Словенија.
