
Денес 08.02.2023 во просториите на Управата за финансиска полиција се оддржа средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија н.е. Милан Предан.
Оваа средба се организираше по повод заминувањето на амбасадорот од Република Северна Македонија.
На средбата Директорот Горан Иванов истакна благодарност за успешната соработка на Управата за финансиска полиција и амбасадата на Република Словенија во Скопје.
Директорот во свое лично име и во име на вработените во Управата за финансиска полиција се заблагодари на амбасадорот н.е Милан Предан за севкупниот дипломатски ангажман во нашата држава и му посака добро здравје и успех на личен и професионален план.