Работна средба со Г-дин Алмир Кудра и г-дин Ерих Карнбергер, полициски советници од Мисијата на ОБСЕ

Пет, 17.02.2023 - 10:26
Работна средба со Г-дин Алмир Кудра и г-дин Ерих Карнбергер ,полициски советници од Мисијата на ОБСЕ

На 16.02 2023 година во просториите на Управата за финансиска полиција, Директорот Горан Иванов и претставници на Управата за финансиска полиција остварија работна средба со полициските советници за организиран криминал и за борба против тероризам, г-дин Алмир Кудра и  г-дин Ерих Карнбергер од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата се разговараше за унапредување на досегашната успешна соработка во насока на поддршка на идни проекти во областа на борба против организираниот криминал, корупција и финансирање на тероризам.

Директорот Горан Иванов, ја истакна важноста од заедничката соработка а полициските советници  ја потврдија волјата за соработка, како и дека се подготвени да продолжат со силна поддршка на сите веќе започнати но и нови процеси за развивање на капацитетите во борбата против организираниот криминал како и понатамошни активности од областа на водење на финансиски истраги.