
На ден 23.02.2023 година, во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа работен состанок на Директорот на Управата, Горан Иванов и Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Состанокот беше во функција на планирање и организирање на заеднички активности.
На средбата се разговараше на неколку теми кои претставуваат основа за развој и продлабочување на соработката помеѓу двете институции, со утврдување на конкретни чекори во блиска иднина.
Директорот Иванов и Министерот Спасовски заеднички ја потенцираа безрезервната поддршка меѓу двете институции во бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција.