
Денес 22.03.2023 во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа работна средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и Директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски. Успешната соработка е од огромна важност за двете институции. Во таа насока се разговараше и за продлабочување на истата и во иднина и надополнување со нови проекти кои би биле од заеднички интерес.
На состанокот беше договорено потпишување на меморандум за соработка.
Целта на потпишување на Меморандум е промовирање на досегашната соработка преку размена на искуства, помеѓу Управата за финансиска полиција и Агенцијата за национална безбедност, како и заедничка координација и други активности во согласност со законските надлежности на институциите.