Работна средба на Директорот Горан Иванов со Simon Woodcock ,офицер за врски за фискален криминал за Косово и Република Северна Македонија

Сре, 07.06.2023 - 15:15
Работна средба на Директорот Горан Иванов со Simon Woodcock

Директорот Горан Иванов, оствари работна средба со Simon Woodcock, офицер за врски за фискален криминал за Косово и Република Северна Македонија и со преставници на  Британската амбасада во Скопје.

На средбата беа разменети информации за досегашната  соработка . Исто така, се дискутираше за резултатите од  досега реализираните проекти и програми , очекувањата од проектите што се планирани и  беа утврдени конкретните области за продлабочување на идната соработка.

 

Работна средба на Директорот Горан Иванов со Simon Woodcock

 

Директорот Иванов, во свое лично име и во име на вработените во Управата за финансиска полиција   се заблагодари на Британската Амбасада за постојаната поддршка во насока на реализација на многу проекти во служба на општото добро, посебно на проектите кои се од големо значење за унапредувањето на работата на Управата за финансиска полиција.