
Директорот Горан Иванов оствари работен состанок со Роберт Шплајт од Република Словенија, Лидер на Компонента за Компонента 2 од проектот „ Поддршка на ЕУ за Владеење на Правото ”
На состанокот се истакна важноста и придобивките од вклученоста во овој проект. Се разговараше и за конкретни активности насочени кон јакнење на ефективноста и ефикасноста, како и за поддршката на вработените на теми од области од надлежност на Управата за финансиска полиција.
Двајцата соговорници се сложија дека владеењето на правото е клучен предуслов за добра економија, економски раст и развој.