Агенцијата за одземен имот отстапи 3 возила на Управата за финансиска полиција

Вто, 12.09.2023 - 18:00
Агенцијата за одземен имот отстапи 3 возила на Управата за финансиска полиција

Денес, 12.09.2023 во просториите на Агенцијата  за управување со одземен имот се оствари средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу.

На средбата соговорниците се сложија дека соработката помеѓу овие две институции е на завидно ниво но и дека е потребно нејзино продлабочување во иднина. Оваа средба покрај размената на информации, од надлежностите на овие две институции, имаше и друг карактер, односно  отстапување  на 3 моторни возила од страна на Агенцијата  за управување со одземен имот  на Управата за финансиска полиција.

Директорот на Агенцијата  за управување со одземен имот, Дритон Небиу истакна дека и во иднина ќе продолжат да придонесуваат во обнова на возните паркови на институциите во државата.

Директорот, Иванов се заблагодари во име на вработените во Управата за финансиска полиција, истакнувајќи дека обновувањето на возниот парк е од огромна важност за поголема ефикасност, подобрување на условите за работа на  институцијата имајќи во предвид дека според законските ингеренции Управата делува на целата територија на Република Северна Македонија.
 

Галерија