Директорот Горан Иванов оствари средба со Г-дин Матјаж Јеркич

Сре, 04.10.2023 - 13:23
Директорот Горан Иванов оствари средба со Г-дин Матјаж Јеркич

Директорот Горан Иванов оствари средба со Г-дин Матјаж Јеркич, помошник на директорот на Управата за криминалистичка полиција на Република Словенија и други експерти од областа.

Тема на состанокот беше проектот на ЕУ за поддршка на владеењето на правото, Компонента 2 - зајакнување на  капацитетите за ефикасно спроведување на современите истражни техники во борбата против организираниот криминал.

Г-дин Јеркич посочи дека значајно е динамичното продолжување на реформските процеси во Република Северна Македонија кои се важни за европските интеграции, но и за квалитетот на живот на граѓаните.

Директорот Горан Иванов се заблагодари на цврстата и недвосмислена поддршка на словенските колеги, истакнувајки дека Република Словенија е многу важен билатерален партнер на Република Северна Македонија во процесот на спроведување на реформите кои произлегуваат од евро - интегративниот процес, но и генерално во поглед на унапредување на развојот на државата.
 

Галерија