Работна средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење

Пет, 20.10.2023 - 16:20
Работна средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење

Директорот на Управата за финансиска полиција оствари работна средба со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска, чија цел беше анализа на резултатите од досегашната соработка како и утврдување на идните чекори со цел продлабочување и унапредување истата.

 

На работната средба Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска истакна дека неопходна е искрена заложба и добра координација со цел успешна борба со организираниот криминал и корупцијата, како и дека транспарентноста на институциите е од големо значење за зголемување на довербата на граѓаните во самите институции.

Директорот на Управата за финансиска полиција, потенцираше дека со взаемна координација и максимална ангажираност на секој поединец во институциите може да се постигне очекуваниот успех во борбата против организираниот криминал и корупција. На работната средба Директорот Иванов ,информираше дека активно се работи на процесот на имплементирање на документ менаџмент систем (ДМС) со чија имплементација се очекува целосно унапредување на капацитетите на Управата за финансиска полиција.

Директорот Иванов на оваа средба ги истакна предизвиците со кои се соочува Управата во однос на недоволните кадровски капацитети, потребата од усвојување на предлогот за измени и дополнување на Законот за финансиска полиција кој е во собраниска процедура, како и потребата од склучување на Колективен договор.

На крај Директорот на Управата за финансиска полиција упати голема благодарност до Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска за досегашната искрена поддршка и огромната заложба за унапредување на работењето на Управата за финансиска полиција, како и за надминување на предизвиците со кои се соочува Управата.

Галерија