Директорот Горан Иванов оствари работна средба со Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. На состанокот се разговараше за актуелни прашања во надлежност на двете институции. Соговорниците искажаа подготвеност за продлабочување на досега одличната соработка меѓу Управата за финансиска полиција и Вишото јавно обвинителство, со превземање на конкретни чекори во периодот кој следи.
Директорот Иванов и Вишиот јавен обвинител Хајрулахи заеднички ја потенцираа безрезервната поддршка меѓу двете институции во бескомпромисната и неселективна борба против организираниот криминал и корупција.