Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари средба со Г-дин Сајмон Вудкок, Oфицер за врски за фискален криминал на Управа за јавни приходи и царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија и Г-дин Ричард Велхам, Регионален координатор за обуки за Јавни приходи и царини за Западен Балкан.
На средбата се разговараше на повеќе теми од заеднички интерес, како и за можностите за продлабочување на соработката во иднина.
Директорот Иванов се заблагодари за досегашната успешна соработка и безрезервна поддршка, а во знак на благодарност на Н.Е. Г-дин Метју Лосон, Амбасадор на Обединетото Кралство, Г-дин Дарен Патриџ, Регионален менаџер за Западен Балкан во Даночната и царинска управа на Обединетото Кралство и на Британската амбасада во Скопје, им додели Плакети за благодарност.