Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со, аташето на ИЦИТАП програмата, Michael T McKee. Денешната работна средба беше со цел продлабочување на веќе воспоставената плодна и трајна соработка.
На средбата се разговараше за идните проекти во кои ќе биде вклучена Управата за финансиска полиција.
Учеството на вработените во Управата за финансиска полиција во обуките и проектите организирани од страна на ИЦИТАП програмата се од исклучителна важност . Врз основа на размената на искуства и знаења споделени од врвни експерти, се збогатуваат и унапредуваат знаењата и вештините на вработените, а се со единствена цел поуспешна борба против организираниот криминал и корупција.