На ден 15.03.2024 година Управата за финансиска полиција преставувана од Директорот, Горан Иванов и Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг, Скопје , претставуван од Проф д-р Синиша Наумоски, потпишаа меморандум за соработка.
Потпишувањето на овој Меморандум за соработка е резултат на заедничката заложба и интерес за развој и унапредување преку развивање меѓусебна соработка.
Имено, Управата за финансиска полиција и Институтот за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје ќе соработуваат и взаемно ќе си укажуваат помош и поддршка со цел размена на искуства, знаења, едукација и усовршување. Соработката ќе се одвива преку различни форми а особено преку: размена на искуства, взаемно унапредување на образовните и деловните процеси, планирање и заедничко организирање на научни и стручни собири, взаемна поддршка и помош и преку останати активности од особен интерес на двете страни.