Работна средба со претставници од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Пон, 23.09.2024 - 15:08
1

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски оствари работна средба со Алмир Кудра, советник за транснационални закани од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Досегашната соработка и идните планови за нејзино продлабочување, беа темите на работниот состанок.

Соговорниците изразија задоволство од средбата со надеж дека соработката ќе продолжи во насока на зајакнување на капацитетите во борбата против финансискиот криминал.

Галерија