Работен состанок со претставници на ИЦИТАП програмата при Амбасадата на САД

Сре, 25.09.2024 - 15:21
1

Продолжување на досегашната соработка и заеднички активности кои ќе ги преземаме во периодот што следи, беа фокусот на денешната работна средба со Полициското аташе при Министерството за правда на САД, Мајкл МекКи и директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Амбасадата на САД, Вирџинија Елиот.

На средбата се говореше за проектите и досегашната поддршка во доменот на кривичните истраги, преку меѓународната програма ИЦИТАП.

На средбата беше изразена и подготвеност за примена на позитивни практики и знаења споделени од врвни експерти за потребите на зајакнување на капацитетите на владеење на правото преку Управата за финансиска полиција.

Заклучокот од средбата беше дека заеднички може да придонесеме за поуспешна борба против организираниот криминал и корупција во земјава.

 

Галерија