Масимо Пани, експерт по безбедност при Италијанска амбасада во Скопје, во работна посета на Управата за финансиска полиција

Чет, 26.09.2024 - 15:09
1

Денес во просториите на Управата за финансиска полиција, директорот Слободан Ивановски оствaри работна средба со Масимо Пани, експерт по безбедност при Италијанска амбасада во Скопје.

На состанокот се разговараше за размена на искуства и соговорниците се согласија дека постојат можности, но и потреба за натамошно интензивирање на соработката во повеќе области со цел за превенирање и сузбивање на финансискиот криминал во земјава, но и на меѓународно ниво.

Од страна на директорот на Управата за финансиска полиција,  се актуелизираше  прашањето на темата во врска со Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со оглед на тоа дека Италија е една од земјите која меѓу првите го има воведено во својот законодавен систем.

Во таа насока, соработката со оваа пријателска земја, може да ни помогне во споделување позитивни практики, искуства и обуки од посочената област.

Директорот Ивановски, се заблагодари на досегашната соработка со експертите од Италија, и упати надеж дека истата  ќе се развива и тие ќе продолжат да бидат наши несебични поддржувачи и партнери во духот на традиционалните пријателски односи меѓу двете земји.

Галерија