Работен состанок во Управата за финансиска полиција, со Жан Пол Диспан, аташе за внатрешна безбедност од Амбасадата на Република Франција

Вто, 01.10.2024 - 17:18
2c

Анализа на досегашната соработка и поддршка и активности за нејзино продолжување со цел зголемување на ефикасноста во борбата со организираниот криминал, беа темите на денешната работна средба  со аташето за внатрешна безбедност од Амбасадата на Република Франција во Скопје, Жан-Пол Диспан.

На средбата се дискутираше  и за нашите стратешки цели, планови и идеи, се разменија и мислења за искуствата кои двете земји ги применуваат за заштита на националните финансиски интереси.

Се изрази  подготвеност да се делува во областите од заеднички интерес во насока за надминување на предизвиците со кои се соочуваат и двете земји.

Галерија