Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи заеднички ќе делуваат при одредени активности со цел навремено и полесно да се реагира во борбата со финансискиот криминал, oва беше договорено на денешната средба на директорот на Управата за финансиска полиција , Слободан Ивановски со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
Директорот Ивановски, истакна дека радува фактот што МВР покажува волја и интерес да се соработува и да се координира за постапување по одредени предмети. Неспорно е дека нивната експертиза и искуствата би билe од голема корист.
Денешната средба е показател за сплотеноста на институциите чие заедничко делување би имало ефект во остварување на заедничките цели и стратешки приоритети во насока на владеење на правото и борбата на криминалот од областа на финансиите.