Обраќање на Директорот Слободан Ивановски на "Антикорупцискиот караван"

Чет, 20.02.2025 - 15:10
AK_P

Во организација на МЦМС се одржа Антикорупциски караван во Битола и Прилеп чија цел е заедно со граѓаните да се води битка и да се добијат реални резултати во борбата против корупцијата. Учесниците во Антикорупцискиот караван упатија заедничка порака дека во борбата против корупцијата треба да се настапува заеднички и со поддршка на граѓаните. На плоштадот магнолија во Битола се обрати и Слободан Ивановски, директор на Управата за финансиска полиција кој најави формирање на систем кој како што рече ќе биде имун на ургенции.

„Работиме на законски измени со кои ќе се инкорпорираат реформи, а една од нив е воведување внатрешна контрола, бидејќи по однос на предметите по коишто постапуваме добро е во иднина да имаме внатрешна контрола, која ќе биде задолжена за постапувањето на нашите вработени. Со оваа новина ќе се воведе професионализам и транспарентност и како институција ќе се отвориме кон граѓаните за да пријавуваат секаква корупција и можен криминал. Сакаме да воспоставиме систем што ќе биде имун на субјективни влијанија, имун на субјективни ургенции, односно секој предмет да биде сработен без субјективната волја на директорот, на вработениот или раководителот. Организираниот криминал за жал е рак-рана на секое општество, но сепак ние како институции врз основа на довербата дадена од граѓаните ние мора да испорачаме резултати“, истакна Ивановски.

Галерија