
Директорот на Управата за финансиска полиција , Слободан Ивановски денес учествуваше на Петтата сесија на Работната група 6 - „Антикорупција“ во рамки на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија.
Во своето излагање, Ивановски ја истакна важноста на транспарентноста и отчетноста како клучни алатки во борбата против корупцијата, особено преку призма на европските стандарди и практики.
Останува силната посветеност на Управата за финансиска полиција – активно да работи на зајакнување на интегритетот, подобрување на контролите и создавање услови за вистински реформи.
На крајот на своето излагање Директорот Слободан Ивановски , им се заблагодари на сите експерти и учесници за конструктивната дискусија и заедничките напори во придвижувањето на земјата уште поблиску до европските вредности.