Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов, оствари работна средба со Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.
На работната средба беа разменети мислења и ставови во врска со голем број прашања и активности на двете институции. Соговорниците изразија идентичен став дека зголемувањето на ефикасноста во работата на вработените во Управите и квалитетот на услугите кон граѓаните остануваат заеднички приоритети. Во фокусот на оваа средба беа ставени можностите за продлабочување и уште поголемо унапредување на соработката и зацврстување на меѓусебната доверба, што е многу важно во справувањето со организираниот криминал и корупција.
Градењето на силни институции е тесно поврзано со европската агенда на Република Северна Македонија и перспективата на евроинтегративниот процес, со сите тековни и идни предизвици на тој пат е заедничкиот став на Директорите на Управата за финансиска полиција и Царинската управа на Република Северна Македонија.