
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со претставници на Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг, Скопје претставуван од Проф д-р Синиша Наумоски.
На состанокот беше дискутирано за потребата од продлабочување на соработката помеѓу Управата за финансиска полиција и Институтот Хајделберг, Скопје во насока на унапредување и јакнење на капацитетите во Управата за финансиска полиција преку взаемна соработка, односно искористување на експертизата на професионалци и спроведување на обуки за потребите на вработените во Управата за финансиска полиција. За таа цел на средбата е договорено склучување на Меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг, Скопје.